Информации и совети

ВОЗЕЊЕ ПО ДОЖД И „АКВАПЛАНИНГ“ (ПРОЛИЗГУВАЊЕ НА ВОДА)

Приказ на „Аквапланинг“

Кога врне, гумите мора да имаат доволна длабочина на шарата, која ќе може да ја отстрани водата од патот под гумата, за да може да се прилепи на патот и да Ви овозможи контрола над возилото.

Една добра гума може за 7 секунди да отстрани количина на вода од патот која е доволна да се наполни една кофа со вода.

Кога гумата е потрошена и има помала длабочина на шарата, се соочувате со ризик од т.н. „аквапланинг“ (или „хидропланинг“) или „скијање на вода“ – гумите наместо да се залепени на патот – лизгаат по површината на водата и возилото „го игнорира“ вртењето на воланот;  оди само напред – кадешто го носи инерцијата, а Вие губите комплетна контрола над возилото.

Законската минимална длабочина на шара ќе Ви донесе мир кога ќе Ве застане полиција, но не и кога возите над поширока водена површина.  Кога колата лизга на водата, не можете ниту да закочите, ниту да свртите.

Не чекајте до последен момент да ги промените гумите.  Не знаете кога и колку ќе заврне и кога можат новите гуми да Ви го спасат животот.

Кога купувате нови гуми, добра идеја е да ја видите нивната оценка за перформанси на мокар пат:  оценката се однесува на кочењето на мокар пат.

Фактори кои влијаат на пролизгувањето на мокар пат (аквапланингот):

– Брзина на возење. Колку побрзо возиш, толку поверојатно е дека ќе „пролизгаш“.
– Длабочина на шарата на гумите. Колку поистрошени се гумите, а со тоа и поплитка шарата на истите, толку поверојатно е дека ќе „пролизгаш“.
– Длабочина на водата. Колку подлабока е водата, толку поверојатно е дека ќе „пролизгаш“.

Што ако, сепак, возилото „пролизга“?

1. Не паничи

2. Тргни ја ногата од педалата за гас

3. Не кочи – тргни ја ногата од кочницата

4. Нежно врти во правецот во кој сакаш да одиш

5. Закочи дури откако почувствуваш дека гумата е повторно во контакт со патот

Не ја користете опцијата Cruise control за време на дожд. Возилото ќе ја протолкува водата како успорувачки фактор и ќе вклучи појак погон на моторот. Тоа може да го премести во пониска брзина и да насобере повеќе вода под гумите. Тоа продолжува во круг – појак погон и поголем проблем за гумите.

 
Најди ги твоите

НОВИ ГУМИ