Дали знаете дека уште пред 70 години е развиена технологија на „светлечки гуми“?!
Вилијам Ларсон, хемичар во Goodyear, заедно со својот колега Антони Финели, развиваат специјален полиуретански материјал наречен „неотен“ (neothane) којшто им овозможува на Goodyear да направат tubeless, безжичана гума, која може да се обои со најразновидни пигменти.
Но, најуникатната карактеристика на оваа гума е што е делумно проѕирна – пропушта светлина! Инженерите сместуваат во гумата 18 светилки и креираат светлечка гума со разновидни бои по избор.
За жал, и наспроти оригиналноста и неверојатната естетика, овие гуми никогаш не влегуваат во масовно производство. Наместо тоа, тие му дозволуваат на еден помал производител на автомобили по нарачка да поседува сет вакви гуми. Тоа е креаторот на славната „Golden Sahara II“ – футуристички автомобил, горд на своите „стаклени“ гуми. Јавноста го обожува. Па, тоа се 50тите и ваквиот дизајн совршено одговара на модата од тоа време. Не само гумите, туку и низа други карактеристики го прават овој автомобил како „излезен од филм“ – на пример, автоматско кочење.
Со текот на годините, Golden Sahara II се распаѓа под ударот на времето. Некои нејзини делови ги лепат со самолеплива лента за да не отпаднат. Тогаш, уникатниот автомобил се продава на аукција за 350.000$ и следи процес на реставрација. Како придонес во процесот на реставрација, Goodyear донира сет нови 4 светлечки гуми. Новата Golden Sahara II завршува на Женевскиот меѓународен авто-саем во 2019г.
Погледнете го целото видео овде:
https://www.youtube.com/watch?v=j7gzmQfH9kQ&feature=emb_logo