Информации и совети

Што покажува налепницата на гумите?

Стара налепница (до мај 2021г.)

Нова налепница (после мај 2021г.)

Гумите носат налепници од 2012г., а од мај 2021 на сила е нова регулатива со малку видоизменет изглед и некои дополнителни информации.  Налепниците даваат податоци за 3 параметри – индикатори за перформансите на гумата:  потрошувачка на гориво, лепење на мокар пат и бучава, но треба да се има во предвид дека вкупната оценка за гумите ја прават многу поголем број параметри (агенциите и авто-магазините вршат тестирања за околу 15 параметри, а производителите тестираат и до 50 параметри – индикатори за перформанси на гумата).

Примери за параметри кои се многу важни, а не се прикажани на налепницата се:  управливост и кочење на сув пат, стабилност во кривини, трајност на гумата (вк. број на km кои ќе ги поминете со неа), внатрешна бучава, аквапланинг, стабилност при високи брзини, перформанси на снег и мраз итн.

Купувачот може да добие значајни информации од налепницата, но не смее да заборави дека таа е далеку од сеопфатна.

Налепницата дава податок за:

Лепење на мокар пат

Ова е способност на гумата да лепи на патот во услови на мокар пат.  Параметарот се фокусира само на еден аспект – на кочењето на мокар пат.  Оценката А означува најкратко време на кочење.  Во итна ситуација, неколку метри – ја прават целата разлика.

Ефикасност на горивото

Дали знаете дека гумите влијаат до 20% на потрошувачката на гориво на Вашето возило?
Повисока оценка на овој параметар ќе Ви овозможи да извозите поголем број km со резервоарот за гориво, а со тоа ќе ja намалите и емисијата на CO2.
А е највисока оценка, а Е – најниска.  Помеѓу класите, потрошувачката на гориво се зголемува приближно за 0,1 lit /100km.

Надворешна бучава

Параметарот ја мери надворешната бучава која гумата ја генерира при возење.  Нивото на бучава добива оценките се А (најниско), B или C (највисоко). Највисоката оценка (А) означува дека гумите генерираат најмалку акустично загадување на околината.  Бучавата од тркалање на гумата на налепницата е искажана и во децибели. Гумите со ниско ниво на бучава имаат помеѓу 67 и 71 dB. Најбучните гуми генерираат помеѓу 72 и 77 dB. Мало зголемување на dB означува голема разлика во нивото на бучава.  Зголемување од само 3 dB означува дуплирање на бучавата.

QR код

Со скенирање на кодот добивате влез до документацијата за продуктот која е дел од EU продуктната датабаза.

Уникатен идентификатор и класа

Едноставно кажано, горе е шифрата на продуктот, а долу класата која покажува за каков тип на гума се работи. На пример, ознаката C1 означува гума за патнички автомобил.

Ознака за снег

Ако гумата е оспособена за суровни снежни услови, има ознака планина со 3 врва и знегулка (three-peak mountain snowflake symbol -3PMSF); овој симбол го има и на страничниот ѕид на гумата. Право на овој симбол добива гума која го поминала тестот за кочење на снег при брзина од 40km/h.

Ознака за мраз

Гумите со овој симбол го поминале тестот за кочење на мраз и означуваат пократко кочење на патишта покриени со мраз. Мерењето се врши за кочење при возење со брзина од 32km/h.

 
Најди ги твоите

НОВИ ГУМИ