Летна гума со ултра високи перформанси
Новина кај овој дезен е зголемената трајност на гумата, која овозможува поминување поголем број километри.Гумата ја карактеризираат голем број „загризувачки рабови“ (340 по гума) кои ја сечат водата, овозможувајќи многу добра управливост и кочење на мокри патишта. Дополнително, заоблените надворешни рамења се дизајнирани ефективно да ја дисперзираат водата, намалувајќи го ризикот од аквапланинг. Специјалниот дизајн кој го карактеризира т.н. „изедначен контактен притисок“ го дистрибуира притисокот преку целата контактна површина, овозможувајќи рамномерно трошење на гумата, со што се обезбедува да се поминат повеќе километри. Дополнително, дизајнот овозможува поголема ефикасност на потрошувачката на гориво. И конечно асиметричниот дизајн на шарата со цврсти надворешни рабови овозможува одлично кочење на суви патишта.