Супериорно ракување во зимски услови и прилепливост кон патот – за автомобили со високи перформанси
Зимска гума со врни карактеристики за управување, наменета за возила од високите класи. SP Winter Sport 4D овозможува врвна видливост и ефикасно кочење во зимски услови. Комбинацијата на уникатен дизајн на газечкиот слој заедно со материјалот кој овозможува висок степен на прилепување – обезбедува оптимална контрола на подлогите препокриени со снег и мраз, како и на влажни и суви површини. Уникатниот дизајн на газечкиот слој кој содржи голем број на рабови кои го грабаат мразот и снегот со што се овозможува одличен контакт со патот. Длабоките жлебови кои го исфрлаат снегот на површината обезбедуваат додатно прилепување при забрзување, кочење и по нагорница на патот. Насочените канали се предвидени за ситуации кога коловозите се влажни и покриени со лапавица со што се постигнува брзо исфрлање на водата и спречување на аквапланинг. Благоидарејќи на специфичниот материјал во гумата се овозможува помалку трошење на енергија, со што автоматски се намалува потрошувачката на гориво и емисија на CO2.Карактеристики:
- Исклучителни перформанси на зимски патишта
- Подобрена влеча на снег и мраз
- Контрола и прилепливост кон подлогата на влажни патишта
- Дизајн кој овозможува заштеда на гориво