Aко изберете опција „Испорака до зададена адреса“, вршиме испорака до адресата која ќе ја зададете, а трошокот за испорака е на наша сметка. Испораката ја врши курирска служба (Пост Експрес). Повеќе информации може да прочитате на следниот линк: општи услови – испорака.
Доколку сте од Скопје, имате можност гумите да ги подигнете во овластен сервис и да добиете 50% попуст на монтажа. Ако изберете опција „Преземање од сервис (Скопје)“, гумите ќе Ве чекаат во сервис во Скопје, а за локацијата на сервисот и евентуално закажување ќе добиете информација на mail или ќе Ве контактираме телефонски, а трошокот за монтажа со 50% попуст ќе треба да се плати во самиот сервис, при монтажата. Во моментов сеуште не обезбедуваме опција за монтажа во други градови, но работиме на случајот!