Напредната технологија на Dunlop во функција на класичните автомобили
Лансирана во април 2017г, оваа гума ги нуди следните карактеристики и бенефити:
- Модерна силика компонента овозможува зголемена прилагодливост кон површините на патот, резултирајќи со одлична прилепливост во влажни услови и одлични перформанси при кочење.
- Најсовремената технологија и силната каркаса гарантираат оптимизираност на контактната површина со патот. Тоа креира стабилност и управувачка прецизност, дури и при големи брзини.
- Класичниот дизајн, со оптимизирани бразди и голем број мулти-ориентирани блокови, генерира бројни загризувачки рабови кои придонесуваат кон ефикасна прилепливост. Ефикасниот дизајн овозможува одлична дистрибуција на водата под гумите и отпорност кон аквапланинг.
- Најновата технологија применета на раменските појаси на гумите, која ја карактеризираат робустни раменски блокови и појачани конекции, овозможува зголемена цврстина која придонесува кон поефикасен пренос на силата. Со тоа се добива одличната управливост и кочење во суви услови која сме навикнале да ја очекуваме од модерните гуми со ултра високи перформанси, додека истовремено чувството на управување останува типично, како за класичните автомобили.