Вашата нарачка за гуми може да ја направите преку овој сајт, но и преку email, телефон, Viber, FB Messengerна НОВИГУМИ ДООЕЛ, зависно од тоа како Вам повеќе Ви одговара.

За успешно направена нарачка на самиот сајт, ќе Ви биде автоматски генерирана и испратена email порака со потврда за Вашата нарачка, во која ќе бидат прикажани детали за нарачаните гуми, адресата за испорака, контакт телефони, начин на плаќање и др. податоци.

За успешно направена нарачка преку телефон, Viber или FB Messenger, ќе Ви биде испратена порака преку SMS, viber, или FB Messenger.

За успешно направена нарачка преку email, ќе Ви биде испратена email порака со потврда за Вашата нарачка, во која ќе бидат прикажани детали за нарачаните гуми, адресата за испорака, контакт телефони, начин на плаќање и др. податоци.

При нарачување може да изберете помеѓу 3 начини на плаќање:

(1) на самиот сајт, со картичка,
(2) плаќање на жиро сметка или
(3) плаќање во готово при превземање на гумите од курирската служба.

За повеќе детали околу плаќањето, погледајте го одделот Начини на плаќање“.

Ако изберете начин на плаќање (1) или (2),  нарачката се смета за потврдена од Ваша страна со извршување на уплата на целокупниот износ на нарачката со картичка оnline, или жирално – во рок од 24 часа од моментот на нарачување на сајтот на НОВИГУМИ ДООЕЛ.

Ако изберете начин на плаќање (3) при нарачување на сајтот на НОВИГУМИ ДООЕЛ, или при нарачување преку  SMS, viber, или FB Messenger,  нарачката се смета за потврдена од Ваша страна откако потврдно одговорите на нашата порака (испратена преку email, SMS, viber или FB Messenger) која ќе содржи детали за нарачаните гуми, адресата за испорака, контакт лице и телефон.

Со потврдата на нарачката од Ваша страна, се смета декa е склучен договор за купопродажба склучен на далечина, согласно македонските закони, како и сите услови за купување објавени на овој сајт.  Потврдата на нарачката од Ваша страна подразбира дека се согласувате со сите услови за купување објавени на овој сајт.  Наша обврска е нарачаните гуми да ги испорачаме во согласност со договорот на далечина кој сме го склучиле со Вас.

Доколку платите на самиот сајт, или доколку изберете плаќање во готово на курирот при превземање на гумите од курирската служба, Вашата нарачка се процесира веднаш (доколку нарачката пристигне до 14:00 часот во работен ден), или (доколку нарачката пристигне после 14:00 часот) – следниот работен ден. Нашето работно време е од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.   Процесирањето подразбира дека се повикува курирската служба да дојде да ги подигне гумите, со цел да Ви ги испорача.

Доколку изберете плаќање на жиро сметка, Вашата нарачка се процесира откако Вашата уплата ќе ја добиеме на извод од банка.  Изводите од банка се процесираат утрото, од 8 до 10 часот, што значи дека доколку сте уплатиле денес (пред 15:00 часот), тоа ќе го видиме следниот работен ден на банковиот извод.  Доколку уплатувате после 15:00 часот, уплатата ќе оди со утрешна валута, и ќе ја видиме дури после 2 работни дена (а не следниот работен ден), при што и нарачката ќе биде тогаш процесирана и испорачана.

Доколку се случи од моментот на Вашата нарачка до моментот на нејзино процесирање и испорака некој друг да ги купил бараните гуми, веднаш ќе Ве известиме, за да договориме дали се согласувате да ја одложиме испораката за неколку дена, со цел да се набават саканите гуми од нашите добавувачи, или ќе Ви предложиме замена.  Доколку со тоа не се согласувате, тогаш ја откажуваме нарачката.  Доколку гумите не можат веднаш да бидат испорачани од било која причина (на пример – некој ги купил пред да се процесира нарачката, или се работи за грешка во залихите), а гумите се платени од Ваша страна со картичка или жирално, Веднаш ќе Ве контактираме, и доколку не постои можност за испорака после прифатлив за Вас временски период, или пак, доколку гумите Ви се итни и не сакате воопшто да чекате, уплатените пари веднаш ќе Ви бидат вратени назад.

Доколку изберете начин на плаќање – плаќање во готово на курирот при испорака, задолжително ќе Ве контактираме на оставениот телефонски број.  Доколку по 3 обиди, од некоја причина не можеме да Ве добиеме за да Ве исконтактираме телефонски, Вашата нарачка ќе биде откажана и нема да биде испорачана, а Вам ќе Ви биде испратено известување преку еmail или SMS/viber/Messenger, зависно од начинот на кој сме ја примиле нарачката.

Составен дел на овие услови се и:

Начин на испорака
Сообразност на стоката
Гаранција за задоволство
Гаранција за квалитетот
Начини на плаќање
Заштита на приватноста
Описи, цени и расположива залиха
Согласност и промени

КОНТАКТ

Христо Батанџиев бр. 80
Телефон : 079 285 841
sales@novigumi.mk