Информации и совети

Како да знам кога се гумите за менување?

Ако тркалата вртат, а гумите делуваат напумпано, не значи дека се е во ред. Да внимаваме да не „случајно“ се случи незгода предизвикана од нивните лоши својства, изедени од времето и патот. Секој возач има обврска да прави повремени визуелни проверки на своите гуми, како одговорност кон сопствената безбедност, но и безбедноста на другите кои ги вози.

Старите, истрошени или оштетените гуми се голем ризик за безбедноста. Затоа е многу важно да знаеме добро да процениме дали гумите се за менување или не.

При оваа проценка треба да се обрати внимание на следното:

(1) ДАЛИ ГУМИТЕ ИМААТ ОШТЕТУВАЊА?

Визуелно проверете дали гумата има оштетувања од типот на меури или посекотини.

Ако наидете на неправилност која Ви се чини минорна, сепак препорачуваме гумата да ја проверите во сервис. Можно е од внатрешната страна да има посериозно оштетување кое може го дознаете при следното поостро возење.

Гума со оштетување
Гума со странично оштетување - меур
Оштетена гума

(2) ДАЛИ СЕ ГУМИТЕ ПОТРОШЕНИ?

Законските одредби за длабочина на шарата на гумите се минимум од 1.6 mm за летни и 4 mm за зимски гуми. Препорачливо е да не се чека „до крај,“ бидејќи на тоа ниво гумата е со намалена управливост на мокар пат. Кога гумата е со минимална длабочина, нејзините бразди се многу плитки, а со тоа и нејзиниот капацитет да не пролизгува на мокар пат.

Повеќе за тоа, прочитајте на следниот линк.

ПРОВЕРКА СО ПОМОШ НА ИНДИКАТОРИТЕ ЗА ПОТРОШЕНОСТ

Визуелна проверка може да се направи со помош на „мерачите“ за потрошеност.

Тоа се вградени елементи во гумата, со помала висина од остатокот на гумата (кога е нова).

Целта им е визуелно да покажат во кој момент остатокот од гумата ќе ја изедначи својата висина со нив. Како што гумата се троши – така длабочината на шарата се повеќе се приближува до овие „мерачи“. Во моментот кога ќе се изедначи со нив – гумите се за менување.

Индикатор за потрошеност на гумата
Индикатор за потрошеност на гумата

МЕРЕЊЕ НА ГУМИТЕ СО МЕРАЧ

Можеби најзгодно е гумата да ја измерите со мерач на шарата. Честопати овие мерачи ги има во форма на приврзок. Ако немате ваков мерач – посетете сервис за гуми. Оваа услуга во сервисите обично е бесплатна.

Мерење длабочина на шарата со метален мерач
Мерење длабочина на шарата со метален мерач
Мерење длабочина на шарата со пластичен мерач-приврзок
Мерење длабочина на шарата со пластичен мерач-приврзок

(3) ДАЛИ ГУМАТА Е ПРЕМНОГУ СТАРА?

Времето лета, и повремено не е на одмет да се прават овие проверки. Гумата содржи каучук, природен материјал, кој со тек на време „зрее“ – се стврднува. Притоа, гумата станува тврда, односно „пластична.“ Таквата гума е крута и го нема потребниот коефициент на триење на патот.

Освен укрутувањето, друг проблем е што попуштаат и самите платна од кои е изградена гумата. Со стареењето тие веќе не се толку издржливи колку што би биле и при мал удар во дупка или тротоар, може да попушти.

Затоа, стара гума е исто толку лоша како истрошена гума. Генерално, не се препорачува постара гума од 6 години.

Староста на гумата ќе ја пресметате така што ќе видите колку време поминало од датумот на производство до денес.

Датумот на производство е прикажан на секоја гума, со помош на 4 цифри. Првите две се реден број на неделата, а вторите две – годината на производство. На примерот на сликата, 0120 значи 01-ва недела во 2020та година. Годината има 52 недели (365:7=52), и зависно од неделата ќе утврдите за кој месец се работи. Обично пребарување на Google експресно ќе Ви го прикаже резултатот.

На прикажаниот пример, гледаме дека се работи за крајот на октомври – почетокот на ноември 2020г. Потоа, лесно е да се пресмета колку години и месеци поминале до денес.

Google prebaruvanje na starost na gumata
Пребарување на старост на гумата
Стара гума без еластичност која е толку укрутена што почнала да се распаѓа
Стара гума без еластичност која е толку укрутена што почнала да се распаѓа

Намалувањето на еластичноста на гумата со стареењето, односно нејзината „пластичност“ е добро видлива на сликата.

На сликата е прикажана стара гума која е толку укрутена што веќе почнала да се рони.

За било какви индивидуални совети или препораки поврзани со гумите, може да се обратите кај нашиот искусен тим професионалци на FB messenger или на 079 285 841, а Вашите нови гуми може да ги пребарате на следниот линк.

 
Најди ги твоите

НОВИ ГУМИ