Информации и совети

Дали треба да се допумпуваат гумите на ладно време?

Dali-treba-da-se-dopumpuvaat-gumite-vo-zima

Како што знаеме, на високи температури – воздухот се шири, а на ниски се собира, па од ова правило не се исклучок ни нашите гуми. Иако – по поминување на ладниот период – притисокот би требало да се врати во нормала (претпоставувајќи дека во гумите нема никакви оштетувања од кои воздухот неповратно би излегувал), овој „зимски факт“ не би требало да се изигнорира, поради тоа што додека ги возите гумите со недоволно притисок во нив, еве што се случува:

Dali-treba-da-se-dopumpuvaat-gumite-vo-zima

Дали треба да се допумпуваат гумите во зима

 

Полошо кочење – растојанието на запирање се зголемува – недоволно напумпаните гуми не кочат како што тоа би го направиле идеално напумпаните гуми, а освен тоа може и да лизгаат,
Зголемена потрошувачка на гориво за 0,2% за секои 0,0689 бари намалување на притисокот (односно 1% зголемена потрошувачка на гориво за секои 0,35 бари намалување на притисокот).
Намалување на животниот век на гумата. Гумата е направена да носи одреден товар при одредено ниво на притосок; aко притисокот е премал, исто како и во случајот со носење преголем товар – гумата добива оштетувања кои се невидливи однадвор, а колку е поизразена состојбата на несоодветен притисок или претовар – толку поголеми се и оштетувањата на структурата на гумата, а со тоа се намалува и нејзиниот век.

 

 

Малото намалување на притисок е навистина невидливo за голо око, но се случува – и поради ниските температури, но и поради губитокот на воздух преку самата структура на гумата (освен ако не е полнета со азот). Затоа, се препорачува задолжителна проверка на притисокот. Притисокот се мери пред да тргнете, односно на ладни гуми; затоа, добро е да имате мал мерач на притисок, наместо да одите во сервис, освен ако сервисот не е навистина близу. Притисокот на секоја гума е прикажан на налепница која се гледа по отварање на возачката врата.

 
Најди ги твоите

НОВИ ГУМИ