Информации и совети

5 Факти за гумите за СИТЕ СЕЗОНИ

1. Гумите за сите сезони, како и зимските, ги носат ознаката MS и симболот 3pmsf .

3pmsf симболот (3-peak-mountain-snow-flake symbol) означува “планина со 3 врва и снегулка.”  Toj е ознака дека гумата може да се вози на температури под 7 степени целзиусови.  Според тоа со гумите за сите сезони – законски и технички сме исправни за возење на температури под 7 степени.

2. На краток рок заштедуваме пари, а на долг рок често губиме на перформанси.

Гумите за 4 сезони мора да направат спој на „летниот“ и „зимскиот“ дизајн.  Toa резултира со задоволителни, но не и најдобри перформанси и во лето и во зима. Тестовите за гуми покажуваат дека гумите за сите сезони се наоѓаат на средина.  Овие гуми во лето се полоши од летните, но секако подобри од зимските гуми.  Во зима тие се полоши од зимските, но секако се подобри од летните. Тие се негде помеѓу добрите зимски и добрите летни гуми, што значи дека ги немате идеалните гуми ниту во топлата сезона ниту во ладната. Сепак, овие гуми се прифатлив избор доколку возите во умерени временски услови (над нулата), со лета кои не се многу жешки.

3. Побрзо се трошат во лето.

Гумите за сите сезони се направени од смеса која е флексибилна на ниски температури – тоа е потребно за да можат да ги носат ознаките MS и 3pmsf. Но оваа смеса, во лето е претерано мека и забрзано се троши. Идеалниот животен век на гумите за сите сезони е обично подолг од оној на зимските, но тоа важи доколу гумите се возат во умерени временски услови.

4. Кога ќе се потрошат до под 4mm, веќе нема да може да ги возите во зима.

Законскиот минимум за длабочина на шарата на гумите во зима е 4mm. Во лето можете да возите и со 3mm или 2mm, но со истите гуми нема да може да ја поминете зимата.

Кога имате 2 сета гуми (зимски и летни), кои ги менувате секоја сезона, зимските гуми ќе ги возите дупло подолго одошто би ги возеле all-season гумите, бидејќи во лето – ќе ги возите летните гуми. Ако летата се доста жешки, all-season гумите ќе се трошат и уште побрзо. Во даден момент, гумите ќе се потрошат до под 4mm и нема да можете да ги возиме во зима, иако за возење во лето сеуште ќе бидат добри.

5. Гумите за сите сезони не се гуми без одржување.

Кога одите во сервис за сезонска промена на гумите (промена летни-зимски и обратно) – се гледа и контролира состојбата на гумите.  Се контролира нерамномерното трошење, притисок и сл.  Кај гумите за сите сезони факт е дека посетата на сервис ќе се избегне, но овие контроли не смее да се заборават. Штетата (од ненавременото интервенирање при раните симптоми) ќе биде поголема од заштедата за сервисната услуга на сезонска промена на гумите.
Несоодветниот притисок предизвикува и зголемена потрошувачка на гориво и оштетување на гумите. Нерамномерното трошење може да укажува на потреба од балансирање или центрирање или промена на некои делови.
Посетата на сервисот може да открие и дефекти на гумата коишто инаку не би ги приметиле, а кои критично би влијаеле на безбедноста при возењето.

ЗАКЛУЧОК

Пред да донесеме дефинитивна одлука, треба да се потсетиме дека користењето на гуми за 4 сезони е добра одлука во овие случаи:

– Ако возиме прилично малку (на пр. само локал) и тоа во умерени временски услови – не премногу ладнo / снежнo, нe премногу жешкo. Ако поминуваме поголем број km годишно, заштедата на пари нема да се исплати за жртвата што би ја направиле во изгубените перформанси (кочење, тргнување, управливост), кои некогаш се животно пресудни. Во зависност од тоа колку долго траат, имањето на два посебни сета гуми не е поскапо на долг рок, дури, може да е и поефтино.
– Финансиски момент – ни фалат и зимски и летни гуми, а немаме начин да си ги дозволиме двата сета на краток рок.

 
Најди ги твоите

НОВИ ГУМИ